„Читај бе, братучед, читај!“ - Фестивал на европска литература

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува третото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 25 октомври до 5 ноември 2017 година. Под слоганот „Читај бе, братучед, читај!“.

Фестивалот оваа година има цел да да ги претстави квалитетните домашни и странски современи писатели што пишуваат за културолошките феномени на нашето време, како и да ја поврзе книжевноста со другите уметности. Пред домашната публика ќе бидат претставени четворица писатели од самиот книжевен врв на Европа, двајца докажани македонски писатели од помладата генерација, антологија на бунтовната поезија од европски автори, книжевна трибина, саем на европски книги и филмски проекции.

Генијот на стилот Илја Леонард Фајфер, саркастичната писателка Јела Кречич Жижек, двајцата скандинавски мајстори на трилерите Хокан Несер и Јуси Адлер-Олсен, како и домашните Снежана Стојчевска и Игор Станојоски ќе бидат претставени пред македонската публика преку промоции и неформални дружења со нив.

Фестивалскиот слоган е инспириран од култниот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, чии филмови ќе бидат проектирани како дел од програмата на фестивалот.

Целата програма тука (клик за зголемување):

 

Настанот на фб

23 октомври 2017 - 12:17