Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Левски и ЦСКА Софија се соочија со порази од Вардар во Балканика купот одигран во Сандански за играчи од генерацијата 2004-та. Иднината на Вардар ја води нивниот легендарен голман, Слободан Мутибариќ кој беше дел од шампионскиот тим на Југославија 1987 година. Децата со препознатливата песна на Комити им упатија поздрав од Бугарија.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има многу мотиви за пролетниот дел од сезоната. Откако во клубот конечно дувнаа позитивни ветришта со нов газда, инвестиции, стабилност и модерен тренинг камп, на пролет може да стигне до голем историски јубилеј.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
Пишувањата на македонските портали дека поранешен фудбалер на Арсенал има шанси да го гледаме на Филип Втори во дрес на Вардар, нè скокотнаа да провериме дали има вистина во тоа.