Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.
Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.
Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.
Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата ја оправдаа фаворитската улога против шведскиот првак кој ги изнамачи нашите ракометари во 12. коло од Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.