Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".
1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.