Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.
Да заиграш во Серија А на 20 години, да те платат 30 милиони и на крај да речеш дека ти треба добар одмор, а си дремел цела сезона на клупа треба стварно да си многу свилен. Ајде дете во нашата омилена рубрика.
Ако треба да одбереме Офсајд лик на денот, неделата и месецот, тоа сигурно ќе биде човекот кој се соочи со елиминација во Лига на шампиони од екипа чии играчи заедно не заработуваат годишно, колку тој што заработува месечно.
Според формата и минутажата дефинитивно да, но според тоа колку пари ќе заработува таму каде што ќе оди дефинитивно не. Само еден фудбалер од Серија А ќе биде поплатен од него.
Еден од многуте твитови кои ја опишаа играта на Пол Погба против Ливерпул гласи вака: 5 пати. Погба го загуби човекот кој требаше да го чува на корнер 5 пати. Тоа би било срамота и за играч од Лига 2.
Ако некој заслужува летово најмногу да се најде во нашата омилена рубрика на офсајд ликови, тоа е претседателот на Лацио. Ние не го бираме, тој самиот со своите постапки се кандидира секогаш да биде број 1 во правење глупости.
Иако не е целосно виновен што еден Њукасл каде играше Алан Ширер ќе оди во втора лига, бидејќи го водеше на само 10 меча, не може да не го ставиме во оваа рубрика човекот кој го освои историското финале во ЛШ против Милан. Едноставно не му личи да биде второлигаш.