Со головите и асистенциите на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Барселона го совлада Баерн Минхен 3:0 и мирно ќе патува на реваншот во Минхен за осум дена.
Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.
Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
Капитенот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Чави ја прифати богатата понуда од катарскиот Ал Сад, каде ќе игра во наредните три години. Во Ал Сад веќе играше Раул Гонзалес.
Откако Реал Мадрид одби финалето на Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу, шпанската јавност две недели дебатираше за тоа каде Билбао и Барселона ќе се борат за пехарот од Кралскиот куп. На крајот се изгласа Камп Ноу.
Аргентинецот во 2015. година даде 20 голови и 12 асистенции, со што поведе во трката за Златна Копачка и стана деветтиот најдобар стрелец во историјата на европскиот фудбал
За 90 денови, Барселона ќе го игра петтото финале на Копа дел Реј во последните седум години. Откако станаа единствен шпански клуб што го освоил „требле“ (тројна круна) во сезоната 2008/2009, Каталонците до денес играа четири пати на завршниот натпревар од Купот.
Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.
Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.
Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.