Најверните навивачи на црвено црниот тим, приредија ноќ за паметење на Градски. Вардар го совлада Железничар од Сараево со 2:0, а двата големи јубилеи, 75 години Вардар и 35 Комити беа одбележани со голем навивачки спектакл.
Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.
Скопје на почетокот на овој месец беше сведок на фешта каква што до сега не направила ниту една друга навивачка група. За 35 години од формирањето на Комити, 75 години Вардар и 5 години од освојувањето на ЛШ, реката Вардар светеше со 500 факели од мостот Близнак во Хром до Ново Лисиче.
Триумфот на дербито против Еурофарм Пелистер, клучен за титулата, ракометарите на Вардар почнаа да го слават прво во соблекувалната во салата во Битола, а потоа на свој терен. Пред Јане Сандански ноќта имаа славенички пречек од Комити кој вреди да се погледне.
Со триумфот над Еурофарм Пелистер од 23:26, Вардарци на три кола пред крај во кои се апсолутни фаворити, се на чекор до шампионската титула број 15. Славењето на ракометарите почна уште во соблекувалната во битолската сала, а потоа продолжи во Скопје, каде беа пречекани од Комити.
И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.
По вчерашното долго соопштение испратено до медиумите, навивачите на Вардар излегоа пред јавноста за да се произнесат за крвавиот инцидент на дербито помеѓу Пелистер и Вардар на кое сметаат дека полицијата целосно потфрлила во својата работа.
Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.
Водачот на Наполитанците, Џенаро Де Томазо, кој е син на шефот на познатата мафија „Комора“ доби пет годишна забрана за одење на стадион. Многу навивачки групи ширум Европа испратија пораки за негово ослободување.
Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.