Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.
Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?
Еден од најдобрите техничари на модерниот шпански фудбал се врати на теренот во својот Виљареал, клуб кој го направи голема ѕвезда и кој сега му дава нова шанса.
Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.
За преминот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед се зборуваше две недели, а еден од главните херои на овој голем трансфер е аргентинскиот агент Фернандо Фелисевич.
Откако жена му му поставила услов да направи хет-трик сезонава ако сака да чува куче дома, американскиот бек од Нотингем, Ерик Лихај сензационално со два гола го елиминираше Арсенал од ФА Купот, па тоа беше доволно да го вдоми малиот ’Ганер’.
Топџиите синоќа стигнаа и до 15 триумф во Премиер лигата и со тоа повторно се вратија на лидерската позиција, а најголемите заслуги за одличните резултати на тимот одат кај германско-францускиот тандем кој не дозволува така лесно да им мине топката.