Колку е забавно да се следи италијанскиот фудбал, тема на разговор за која во полемика влегоа тренерот на Милан и заменикот премиер. Со тоа што таму не им цвикаат на политичарите, особено не Гатузо кој мртов ладен се чудеше со што се занимава човекот кој треба да се грижи многу посериозни работи.
Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.
Името на носителот на нашето признание сигурно не ви е познато, но тој и тоа како си го заслужи. Тренерот на младинците на Џенова во „Рамбо" издание од грмушки го шпионирал тренингот на најголемиот ривал Сампдорија.