Најавен речиси веднаш по експедитивното анектирање на Крим од Украина, работата на мостот се одвива со запазување на рокови на ниво на организација на Олимпијада. Следната година треба да почне патниот сообраќај преку мостот, а во 2019 и железничкиот.
Нередите, инцидентите, календарите и распоредите се мачкина кашлица за ФИФА во однос на тоа ако треба да се справува со евентуален пласман на Украина на Мундијалот во Русија догодина.
Заедничката историјата меѓу Германија и Русија е обострана привлечност и одбивност, страв и прифаќање, конфликти и хармонија, и ова денес само ги комплицира работите, пишува Даниел Тост во текстот за Ханделсбалт глобал.
Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.
Расправата меѓу официјалните Твитер сметки на Русија (@russia) и Украина (@ukraine) почна со една кралица од 11-от век, а заврши со Симпсонови. Или барем само застана таму.
Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.
"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.