Неоспорен факт е дека и играчите сносат голем дел од вината, ама менаџментот на ФФМ со својата индијанска политика на селекција на фудбалери според мене е најголемиот кривец за овој шамар.
Репрезентацијата повеќе ни личи на материјал за расад на ЈП „Паркови и Зеленило" отколку на тим со фудбалски талент. Нити талент имаме, тим уште помалку, па да дојде и специјалниот Жозе Мурињо химселф ништо нема да направи.