На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.
„Малиот Едо" еден ден се шетка низ град со родителите, кога во излог здогледува нов комуникациски тач-скрин апарат, „Мозок". Од тој момент почнува да фантазира како би изгледал еден негов ден кога би го имал.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.
Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.
Инспириран од книгата на неодамна починатиот Морис Сендак, Спајк Џонз („Да се биде Џон Малкович", „Адаптација") ја претвора сликовницата од само 40 страници и сосема малку текст во прекрасен филм-фантазија.
Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.