Проблемот со овие не е толку тоа што секогаш им е ладно, затоа што тоа е нивен проблем. Проблемот на сите други е теророт што овие го вршат по основа на студ, па заради нив не можеш да ја ставиш климата на ладно, да проветриш или да отвориш врата, прозор, малиот прозор (барем на кипање?)... п.с. А, да облечеше тренерка?
Интернетот го запозна Брендан Мекферлан пред неколку години кога беше пинцур. Малиот имаше многу блуз во малкуте години и ги одушеви сите а веднаш го прогласија за најдобро чуваната тајна на Тенеси. Денес е пораснат, 18 -тина години и уште пее.
Ова е веројатно најзлобниот хороскоп што сте го прочитале. Кога ќе си читнете за својот знак па ќе помислите "ова нема врска", ви предлагаме да направите следново: прочитајте го описот за некоj ваш пријател / партнер / колега / душман, на кого му го знаете знакот. Гарантирано ќе тврдите: Нема ништо поточно од ова!
Ѝ доаѓа швaлерот дома додека маж ѝ бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот, не знаејќи дека и синот е внатре.
Во македонските преданија Насрадин Оџа се појавува главно како контратежа на Итар Пејо, како лик кој треба да го зголеми контрастот и да ја прикаже домашната итроштина како супериорна. А Насрадин не бил воопшто глуп, само некогаш му било паметно да се прави таков, колку луѓето да поверуваат дека други се поглупи од него.
Додека неговите врсници лудуваат по Супермен и Бетмен, на 5 годишниот Максим Драшковиќ од Белград најголем идол му е Жан Пол Белмондо. Толку идол што со помош на татко му решил да му напише писмо во кое го вика да дојде во Белград и на сите да им покаже дека не остарел, бидејќи "во Париз луѓето не стареат".
На црниот Џаспер пар медицински институти примениле нова, уникатна терапија за регенерирање клетки од р'бетниот столб кој му бил повреден. И просто убаво е да се гледа како малиот се опоравува.
Ако мислите дека му е многу криво што го рогна малиот во фаца, само забележете му го говорот на телото откако ќе ја предаде жртвата на мајка му. Тоа го прави само мажјак кој е ужасно горд на нешто што направил.
Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.
Пријателство, љубов, симпатија, емпатија, тага, среќа, утеха, поддршка, приврзаност... Секогаш кога зборовите не се доволни, ни останува универзалниот јазик на човечката блискост: гушкањето.
Македонската твитер заедница вчера беше во форма играјќи си на тема: Македонски порно наслови. Беа ејакулирани некои феноменални идеи а ние направивме избор од најдобрите. Браво бандо!
Шофер на ученички автобус добива инфаркт среде возење во полна брзина. За среќа, во авотбусот се вози едно неверојатно прибрано дете. Џереми Вутчик, седмо оддление.
Во параноичното време во кое живеат силните а уплашени држави какви што се САД, сите се потенцијални непријатели и терористи. Можеби Ал Каеда регрутира тригодишни момчиња врзани за инвалидско столче, од кај знаеш? Затоа се тука органите на редот, темелно да ги претресат ваквите андеркавер злостори.