Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.
„Срам" е драма на Британецот Стив МекКвин за еден по малку чуден, навидум сосема зен лик, и неговата опседнатост со секс. Среде целата таа атмосфера на излегување на крај со сопствените демони, има една сцена која наводно е снимена без повторувања.
За филмов прв пат слушнав кога беше забранет од Министерството за култура на Русија, заради неговата „штетна содржина". Откако го гледав не знам што е поштетно - да го гледаш, или да го живееш.
Клајв Овен и Никол Кидман во HBO филмот за еден од најпознатите книжевни парови во историјата, во режија на Филип Кауфман („Неподносливата леснотија на постоењето", „Хенри и Џун").