Научници успеале да оживеат растение од семе старо 32.000 години. Со тоа го срушија досегашниот рекорд за цели 30.000 години. А на некој, патлиџан ќе му порасне и ене го одма на Инстаграм.
Откако ги пукна глобален срам, јужнокорејските власти ќе им реновираат по дома на сиромашни семејства во Сеул кои живеат во подруми налик семејството од „Паразит“ за да ги унапредат нивните услови за живот,
Легендарниот автор на филмска музика Енио Мориконе се зарече дека никогаш повеќе нема да работи со Квентин Тарантино. Ја ставал музиката "без кохерентност".
Во 2011-та производите на Епл биле покажани или спомнати 891 пат на американските телевизии, а во истата година ги имало и 40% повеќе во филмовите од бокс офисот, отколку во 2010-та.