Веќе никој нема да ни помага како до сега, а ќе треба да им се помогне и на ранетите војници и на семејствата на загинатите борци. Секој Украинец ќе треба да работи за тројца, ќе порача украинскиот полковник Максим Марченко околу иднината и обновата на Украина.
Неодамнешна снимка од улиците на украинскиот град Авдивка во кој се случува реприза на ланската битка за Бахмут. Русите на сите загинати уште го немаат освоено, а во исто време не им е проблем да го бомбардираат без запирање.
Летово Украинците не успеаа да ја пробијат руската одбрана која можеше да биде толку успешно поставена исклучиво благодарејќи на времето што Русите го имаа за да работат на нејзе. Да беше до Украинците, контраофанзивата ќе почнеше многу порано.
55-годишниот Лира кој во мај 2022 беше уапсен од украинските власти заради критикување на Зеленски и проруски ставови споделени на својот Јутјуб канал, деновие умира во украински затвор.
Русите покажаа како изгледаат рововите што ги имаат ископано на фронтовските линии во Украина. Нормално не им се сите ровови вакви, и нормално овој служи и за деморализирање на другата страна. А изгледаат подобро веројатно од домовите на добар дел од војниците сместени во нив и како Русите уште долги години да не планираат да мрднат од нив.
Минатиот месец е одржан таен состанок меѓу група од седум сојузници на Украина, помала група на претставници на глобалниот југ и Украина, на кој требало да се собере поддршка за условите за мир што ги има Киев.
Две одделни видеа, двете од украински извори и двете повикуваат на освестување на украинскиот народ околу ситуацијата во која се наоѓа државата, војната и непријателот од кого треба да ја спасат својата татковина.
Два месеца откако Абрамсите влегоа во Украина, допрва треба да се види каква било трага од нив на фронтот. Како што пишува Форбс, не е јасно што прават 31 Абрамс тенк во Украина, ама јасно е што треба да почнат да прават: да го засилат својот оклоп за да парираат на руските камикази дронови.
Од 18-те Леопард 2 тенкови што Германија и ги испрати на Украина речиси сите или се уништени и оставени на фронтот или се идентично неупотребливи како никогаш да не биле повлечени од фронтот, затоа што дремат на сервис а нема резервни делови.
Раатот на источното крило на НАТО може да биде осигуран само ако Русија излезе уништена од војната со Украина, порачува висок европски одбранбен функционер.