За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.
Што е заедничко за една од најдобрите тенисерки на светот, Марија Шарапова, и советските супер-војници од времето на Студената војна сред планините во Авганистан? Земањето мелдониум.