Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.
Има сè помалку реални причини да стравуваме од коронавирусот. Но, стравот во меѓувреме стана наше дифолтно подесување. Како што викаше американскиот претседател Рузвелт, следната наша битка е со самиот страв.
Мохамед е најчестото име што им било давано на новороденчињата во Брисел (регионот) во 2021. На општо изненадување меѓу топ 4-те имиња има и едно традиционално белгиско - Жан.
Магазинот вади дел од подкаст од пред еден месец во кој Џон Стујарт маалски со колеги зборува за Хари Потер, и тоа го пакува под насловот „Џон Стујарт ја обвинува Џ.К. Роулинг за анти-семитизам“. Стујарт реагира на ова со порака до Њузвик: „гзот да ми го јадете.“