Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа шампионскиот пехар во своите витрини откако го сомлеа Кливленд со 4-0 во финалето на Плејофот. Кевин Дурент повторно е МВП.
Помалку очекувано, по болниот пораз во првиот меч кога можеа да направат брејк на гости, кошаркарите на Кливленд загубија од Голден Стејт на вториот натпревар од големото финале: 122-103.
Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.
Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.
Таварис Џонс има 5 години и им го украде шоуто на Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Ајзеа Томас за време на мега-дербито Кливленд - Голден Стејт. Џонс денсаше на песната „Ролекс“ од Ајо и Тео и ја освои целата сала.
„Без Стеф Кари и Клеј Томпсон, Лу Вилијамс ќе ни даде 50 поени“, рекол тренерот на Голден Стејт Стив Кер пред мечот со ЛА Клиперс на кои гостите славеа со 125:106. На крај: Лу Вилијамс погоди 27 шута за вкупно 50 поени а Стив Кер само можеше да се насмевне.
Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.