Нешто слабо го има со голови сезонава, ама кога ќе погоди тоа е голчиште. Втор гол на Енис Барди сезонава во шпанското првенство и повторно мајсторски, овој пат бомба за триумф на Леванте на гости против Гранада од 1:2.
Енис Барди вечерва за влакно не стана вториот македонскиот репрезентативец во историјата со гол директно од корнер. Артим Шаќири и даде на Англија во Саутемптон во 2002-ра, а на Дејвид Симан не знаеше што му се случува. Слична велемајсторија за малку не реализираше и членот на Леванте. Штета.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во стилот на Меси во 24' минута од мечот против Реал Сосиедад кој неговиот Леванте го доби со 1:2.
Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.
Македонскиот репрезентативец се врати на подготовки во Леванте за да се спрема за сезоната број 3 во шпанското првенство. На пик го фати новинарот со кој тераше малку мајтап.
Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.
Снајперистот на Македонија и Леванте го нема во последно време со некој мајсторски гол од прекин. Ама и на другиве нешто не им оди, затоа тој држи една убава втора позиција, а првата е резервирана за Лионел Меси кој последно време ударите од 20-25 метри му се како пенали.
По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.
Енис Барди не е оној истиот од минатата сезона во која постигна 9 голови, кој од кој поубав. За сега е само на бројка од еден на 17 настапи во Ла Лига. Синоќа Леванте загуби 1:0 од Леганес, а најзрелата и најубавата шанса ја имаше токму нашиот репрезентативец. Погледнете го ова, дриблинг ала Зидан и потоа мислиш ја скрши стативата. Штета.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.