Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие.
Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?
Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.
Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.
Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
@NeinQuarterly беше во Скопје во јуни, сега веќе минатата година. По принципот „ај денес - ај утре“ видеото од тој настан до скоро стоеше на некој хард диск. Еве го конечно тука, но не само заради некакво архивирање, туку и заради шармантната комбинација на нихилизам и оптимизам која ја содржи, а која сигурно ќе ни треба и во Новата. Да, таква комбинација е можна. А можеби и нужна.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Во 2008 Трамп снима клипче во кое го анализира славниот филм. Сега му го вадат, но не за да го ругаат што тогаш бил глуп, туку за да му ја покажат разликата во неговото интелектуално ниво тогаш и сега, кога звучи „како од него да зборува Мусолини“.