Со целата своја амбициозност со која сакаше да се бори против одвратната современа брза храна, Џејми собира група деца и им покажува како се прават „Мекнагетс“ (сосе мафтање пилешки коски и блендирање до каша), по што триумфално ги прашува „кој сепак би го јадел ова?“. Во речиси иста секунда сите копиљаци му кренаа рака.
"На животните мора да им пружите апсолутно милосрдие во нивната смрт", вели човекот чија приказна е доказ дека со што и да се занимавате, ако тоа го правите доволно страсно и посветено, луѓето ќе дознаат за вас, каде и да сте.
По кратко примирје, Џејми Оливер искористи еден настан во Сиднеј Опера Хаус за да го обвини Шкотот дека е "многу љубоморен" на неговиот успех. Иако расправата со Џејми му е најдолгорочна, речиси и да нема човек во бизнисот со кој Гордон не е скаран.