По феноменалниот дует со Хилари (тоа тука) музичката кариера на Трамп продолжува со уште еден дует, овој пат со Најџел Фараж, и еден сингл за своја душа.
Вработените во протокол во кабинетот на Тереза Меј останале подзинати од поканата што Трамп по победата ѝ ја испратил на премиерката, која со целата своја дипломатска протколарност гласела: „Кажи ако доаѓаш накај САД“.
Поранешниот белгиски премиер и еден од најфанатичните бранители на Унијата, Ги Верхофстад, е човекот што Европскиот парламент го избра за свој главен преговарач за брегзит, потег што Најџел Фараж го нарече "објавување војна" од страна на ЕУ.
Британец во јули започна проект за собирање пари под работно име #BrexitJustice чија цел беа 100.000 фунти за финансирање на адвокатски тим кој ќе поднесе тужби против сите политичари кои во кампањата за одделување од ЕУ лажеа околу брегзит. Човекот собра 145.000 фунти.
Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.
Лидерите на брегзит немаа друг план освен искористување на популистичките стравови и напаѓање на експертите што ги обезвреднуваа нивните позиции, пишува Ник Коен за Гардијан.
На неколку часа по прогласувањето на брегзит, Најџел Фараж пред ТВ камерите призна дека трошоците и бенефитот од напуштањето на ЕУ што упорно ги повторуваше за време кампањата, биле прилично произволни. Според експертите, проблемот е што ова е само "врв од сантата."
Со 52 наспроти 48 проценти од гласовите британскиот народ на референдумот избра напуштање на Европската Унија, резултат кој Гардијан го опишува како најголем пораз на естаблишментот во изминатите децении. По поразот на референдумот, во утринското обраќање британскиот премиер поднесе оставка.