На 28 години, сосема зрели за професионален спортист, да земеш да се боксуваш на пријателски дуел и поради тоа да скршиш рака и да пропуштиш големо натпреварување треба стварно да си цреп. Кој знае колку се изнервирал селекторот која го гледал видеото.
Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.
Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.
Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.