Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.
24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.