Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Тренерска клацкалка во Бундеслигата: Петер Бош избркан од Дортмунд оди во Келн, а Питер Штегер избркан од Келн оди во Дортмунд. Зошто „Милионерите“ кои така високо летнаа, нагло паднаа? Кои се причините?
Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.