Доктори и научници создадоа модел на вештачка интелигенција кој може побрзо и поефикасно да открие рак отколку што тоа се прави со сегашните методи. Ова е важно затоа што и покрај сите постојни хемо и други терапии за спречување и лечење рак и понатаму најголем успех има неговото рано откривање.
За да го ублажи кусокот од станбен простор и истовремено да го намали користењето автомобили, државата планира значајно да ги олабави критериуми за градење, доколку се работи за градби близу автобуски или железнички станици.
На 51-годишен маж му се паѓа 1 милион долари на лото, па меѓу другите работи што сега може да си ги дозволи е и посета на доктор. На доктор му откриваат рак. 4-та фаза.
„Оваа коса не оди никаде“, му рекол гитаристот на Стоунси на својот доктор кој му предложил хемотерапија за третман на откриениот рак на белите дробови. Ете како и вонсериски грдите луѓе можат господски да држат до себе.
Автомобилите се агресивни суверени на градските улици додека пешаците треба да бараат пешачки премини и таму трпеливо да чекаат некој да се смилува и да застане. А бидејќи се сè подисциплинирани, сè почесто и гинат по зебрите. Индустријализација + пешацизација = раат?
Ракот е најдобар начин да се умре затоа што им дава шанса на луѓето да се помират со својата смртност и да се поздрават со блиските, порачува др. Ричард Смит, поранешниот уредник на Британскиот медицински журнал.
Во пристојни земји пристоен човек не може да си дозволи јавно да ги искажува своите предрасуди и стереотипи. Тие можат да избијат евентуално во ситуации кога треба да донесе некоја брз одлука. На пример, во сообраќајот.