Прашањето го поставува Кеси Да Коста во Дејли Бист и со целиот свој текст, како да го отелотворува стравот баш од Бијонсе. Нема „Глупа ви е Бијонсе“, туку внимателно избрани реченици во кои (се) прашува зошто нема ниедна негативна критика за нејзиниот најнов албум, кои ако ги прочитате меѓу редови, вриштат со „Сакам парче да ја направам, ама ми е страв дека ќе ме начекаат во темна уличка.“
Драги Американци, знам дека имате свои проблеми. Премногу работите, ви требаат уште пари. Како ќе платите данок? Каде ќе се лечите кога ќе бидете болни и стари? Војните секогаш се случуваат некаде далеку од вас. Секогаш. И вие не можете да направите нешто многу околу тоа.
Во 19-ти век, денес познат како еден од периодите од каде што црпиме примери за споредба колку сме назад со женските права, во Лондон оперирала и лом правела женска банда со име Четириесет слонови.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.