Сите кои синоќа го проследија дербито Тотнем - Сити можеа да приметат дека теренот беше изоран како бавча и не доликуваше на стадион каков што е храмот на фудбалот „Вембли“. Кој го упропасти?
Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.
На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.