Нови работни места, обновување на инфраструктура, здравствена заштита, даноци, екологија, борба против криминал, оправање судство, се работи што може секој политичар да ги вергла по митинзи. Трамп не е секој политичар.
Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.
„Ние сега сме БРОЈ ЕДЕН во Универзумот, со голема разлика!!“ напиша Трамп на Твитер пред да стапне на швајцарско тло каде треба да се сретне со останатите светски лидери.
Како што минува време така објаснувањето на американската администрација за убиството на иранскиот генерал станува се понедоследно, до ниво што почнува да потсетува на времето кога на Ирак му измислија оружје за масовно уништување.
Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.