Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.
Снајперистот на Македонија и Леванте го нема во последно време со некој мајсторски гол од прекин. Ама и на другиве нешто не им оди, затоа тој држи една убава втора позиција, а првата е резервирана за Лионел Меси кој последно време ударите од 20-25 метри му се како пенали.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....