Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.
„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.
Според најновите информации, Бразил на 18-ти јуни го рестартира фудбалот. На легендарната Маракана каде има мобилни болници за заразени од КОВИД-19 треба да се сретнат Фламенго и Бангу и покрај пандемијата.
Пред 7 недели Јужна Кореја и САД имаат ист број на смртни случаи од ковид-19. Денес, Јужна Кореја (на 52 милиона луѓе) има вкупно околу 300 смртни случаи од вирусот, САД имаат над 70.000 смртни случаи од вирусот.
Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
И претходно кога даваше прогнози, американскиот претседател зборуваше за 100.000 жртви како оптимистички исход, и дека ако им успее таму да го запрат вирусот дека ќе треба да си честитаат. Вчера за прв пат спомна дека по ново се пресметале дека вирусот може да однесе 240.000 животи.
Едно од прашањата што произлегува од оваа споредба е: ако САД по нападите почнаа глобална војна против тероризмот, дали досегашниот биланс на жртви е доволен за САД да започне глобална војна за заштита на човековото здравје?
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.