Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.
За тоа како Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге го кренале Баерн Минхен на највисоко ниво и го направија најуреден клуб на светот треба да се напише книга. Со домаќинско работење до полна каса и полн музеј трофеи.
Пред неколку недели се појави вест дека Ханси Флик ќе стане селектор на Германија наместо Јоги Лев, па Баерн тргна во потрага по негов наследник. И за брзо време најде.
Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата
На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.
На 12 април 2000-та, Баерн Минхен гостува кај Фрајбург. Во еден момент од мечот од трибините полетува голф топче и му ја пука аркадата на најдобриот германски голман во тие години. Кан го сошија и го доигра мечот на кој Баерн после пресврт и со играч помалку победи со 1:2.
Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.
Денешниот датум навивачите на Челси го паметат по потписот на Ѕола, а навивачите на Баерн Минхен се срамат. На Алијанц арена во рамките на Купот на УЕФА во 2007-ма го нагостија Болтон кој допатува со втор тим. Се очекуваа многу голови и така и беше, паднаа четири, но никој не ни сонуваше дека два од тие ќе ги прими Оливер Кан. Болтон таа сезона стигна до осминафинале, а Баерн беше елиминиран во полуфинале од Зенит кој го освои Купот таа година.
Кај народот познати како „Јеховини сведоци за пари“, или „А за тоа ме бараше другарка ми од средно“, или „Барем да знам на кои роднини да не им се јавувам“. Во бизнисот познати како „индустрија што во САД заработува 36,12 милијарди долари годишно“. А сега, сè што не сакавте да знаете околу бизнисот.
Говорот е упатен до Доналд Трамп и во него најдругарски го советува како од целата работа може да излезе како легенда, а сè што треба да направи е да се откаже од претседателската трка. Проштален, затоа што оди на одмор до 20 септември и се надева дека до тогаш Трамп ќе го има послушано.
Ај што американските медиуми го тролаат за неговото ниско IQ, туку сега и спонзорите (Спидо и Ралф Лорен) решија да ги раскинат богатите спонзорски договори со него, откако се откри дека Лохти лажел за вооружениот грабеж на бензиска пумпа во Бразил каде со колегите пливачи скршиле неколку писоари и вратата од тоалетот.
По републиканската конвенција демократите имаа прилично лесна задача и се што требаше е нивната конвенција да не изгледа како природна катастрофа, ама им се случи скандалот со мејловите, па ја изгубија целата предноста што ја имаа, така да почнуваат од исто.
Без подлабоко навлегување во интимата, запознавањето ќе се сведе на читање пошта од фановите на Оливер, која заради актуелните навики на сè што сака да каже нешто се сведува на интернет коментари. Во конкретниов случај, најлошата можна форма на интернет коментари - Јутјуб коментари.
Обраќањето првично е до американската публика, ама доживувањето е чисто британско: "Обединето Кралство, место чие име по овонеделните настани почнува да звучи малку саркастично."
Почнува со "Британија, родното место на Битлси, а сепак Ринго Стар на светот," па натаму станува само посериозно како за сегашните последици пред Брегзит (минатата недела беше убиена пратеничка, која според нејзиниот убиец била предавник затоа што се залагала против излегување од ЕУ), така и за земјата вон ЕУ, која и како аутсјадер пак ќе мора да се води голем број правила од Брисел.