Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа шампионскиот пехар во своите витрини откако го сомлеа Кливленд со 4-0 во финалето на Плејофот. Кевин Дурент повторно е МВП.
Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.
Таварис Џонс има 5 години и им го украде шоуто на Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Ајзеа Томас за време на мега-дербито Кливленд - Голден Стејт. Џонс денсаше на песната „Ролекс“ од Ајо и Тео и ја освои целата сала.