Загрозен вид птица по име путекетеке стана победник на натпревар организиран од организација за заштита од Нов Зеланд. Во ова ѝ помогна меѓународна кампања организирана од некој за кого не би очекувале да се интересира за вакви нешта - водителот Џон Оливер.
Тоа што Борис Џонсон стана премиер на Британија не изненади апсолутно никого, бидејќи сите го чекаа неизбежниот момент уште од денот кога Тереза Меј се всели во премиерската резиденција. Сега Џон Оливер прави профил за новиот премиер на неговата родна земја, која без разлика на жестината најверојатно повеќе ќе му помогне на Џонсон, отколку што ќе му одмогне.
Ако на здрав начин го сакате Оливер, на здрав начин ќе ве фасцинира и ова педантно рашрафување на неговата емисија за Венецуела. Што сокрил, што кажал погрешно, што извадил од контекст, што спинувал.... Колку само многу време, енергија, знаење и информации се вложуваат во обид да се дебатира со политички неистомисленик! Кај нас би било доволно да го прогласите за небањат или продаден. Гледајте на раат, многу се дознава и за Венецуела.
Од моментот кога истиот оној систем за кој не можеа да престанат хвалоспеви за време на најразлични „пролети“ и „револуции“ низ светот помогна Америка да се разочара во самата себе од изборот кој го направи за Белата куќа, Фејсбук премина во константна дефанзива. Дел од дефанзивата беше и обемна маркетинг кампања направена по сите стандарди за да ја одоброволи накострешената јавност.
Главната тема на претпоследната епизода од „Минатата недела, вечерва“ беше кинескиот претседател Кси Џинпинг и таа беше разработена како што Џон Оливер тоа стандардно го прави: горе-долу хумор, горе-долу факти и задолжително да се вмеша Трамп. Неделава секое споменување на Џон Оливер е избришано од најголемата социјална мрежа во Кина, Веибо.
Дај да видиме како освртот на кралската свадба беше направен без да се спомне расизам и слични сегменти, и наместо тоа да се вози на чистокрвно британско нетрпение кон кралското семејство.
Две сликовници, во сосема ист формат и за иста целна група, едната напишана од ќерката и жената на потпретседателот на САД, а другата од Џон Оливер. Што ли би можела да биде разликата?
Дел од екипата: Jon Stewart, Adam Sandler, Ben Stiller. Chris Rock, Howie Mandel. J.J. Abrams, John Mulaney, John Oliver, Olivia Munn, Rob Corddry, Robert De Niro, Stephen Colbert, Will Forte.
Колку што можеш да очекуваш Хулк или Тор да ти помогнат околу глобален проблем, толку треба да очекуваш и дека ЦСИ лабораториите (судска медицина) во реалниот свет ќе функционираат како оние од филм / телевизија. И тоа никому не му е спорно. Она околу што голем број луѓе се збунети е тоа што и кога ќе извадат некакви резултати, дека форензичарите непогрешливо се во право.
Како што Џон Оливер ќе каже по 15-минутно верглање: можам цела вечер да останам тука и точка по точка да ги отфрлам сите можни заговорнички теории и пак ќе има луѓе што ќе мислат дека ова е заговор.
Емисијата на Џон Оливер трае 30 минути, 23:49 од овие 30 беа посветени на новиот американски претседател, што до некаде е разбирливо ако се им предвид дека му го собира уште од пред изборите бидејќи минатата сезона му заврши на 13-ти ноември, една недела пред изборите. Почна 4-та сезона.
Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.
Кај народот познати како „Јеховини сведоци за пари“, или „А за тоа ме бараше другарка ми од средно“, или „Барем да знам на кои роднини да не им се јавувам“. Во бизнисот познати како „индустрија што во САД заработува 36,12 милијарди долари годишно“. А сега, сè што не сакавте да знаете околу бизнисот.
Говорот е упатен до Доналд Трамп и во него најдругарски го советува како од целата работа може да излезе како легенда, а сè што треба да направи е да се откаже од претседателската трка. Проштален, затоа што оди на одмор до 20 септември и се надева дека до тогаш Трамп ќе го има послушано.
Ај што американските медиуми го тролаат за неговото ниско IQ, туку сега и спонзорите (Спидо и Ралф Лорен) решија да ги раскинат богатите спонзорски договори со него, откако се откри дека Лохти лажел за вооружениот грабеж на бензиска пумпа во Бразил каде со колегите пливачи скршиле неколку писоари и вратата од тоалетот.