Во пријатна атмосфера и во присуство на голем број пријатели, гости и претставници на медиумите синоќа во ноќниот клуб „Станица 26", Порше Македoнија и официјално за автомобилот Шкода Октавиа го доби признанието „Автомобил на годината". Наградата ја примија генералниот Директор на Порше Македoнија г. Златко Муцунски, и бренд менаџерот за Шкода, г. Миле Станчев, кои некриејќи го своето задоволство од добиеното признание, особено поради фактот што стручното жири и покрај силната конкуренција едногласно ја избра Шкода Октавиа, имаа кратки обраќања пред присутните каде и двајцата задоволно изјавија дека Шкода Октавиа тоа навистина го заслужува.