"Елегантен и отмен како одвнатре така и однадвор, автомобил со типичен карактер и гени препознатливи за Renault"- изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност и маркетинг на Аутомотив Груп.
"Се работи за целосно нов модел што е ценета карактеристика и ги прати сите потреби на современиот потрошувач. Во него се вградени сите најнови технолошки решенија вклучувајќи ги и економичните мотори кои ги исполнуваат строгите Euro6 стандарди против загадување на околината.Она што е најважно е дека основниот модел нуди широк спектар на сериска опрема, а односот на цената и квалитетот се исклучително поволни " – изјавија од стручното жири.
Едногласната одлука на националното жири е уште една потврда за иновативниот спој на стилот и функционалноста на Captur кој веќе е препознатлив на јавноста по својот дизајн, удобност и опрема.
Својата титула како најдобар меѓу останатите автомобилски креации ја прослави со коктел забава за своите блиски соработници и пријатели кои уживаа и прославија во познат скопски локал.