нова бавча: Иво, Без паника
Вашето дете е Вашиот најголем непријател
Дали некогаш навистина сте го помислиле ова? Најверојатно не сте, затоа што тоа е и најголемата предност на овие деца. Учат од вас, ве студираат, купуваат финти, совршено го разбираат јазикот на возрасните, и сето тоа за да стасаат до оној момент, Ди-Деј во нивниот живот , моментот кога ќе се почувствуваат јаки, ќе го отфрлат оној прекрасен кожурец во кој до пред некој миг биле обвиткани, и ќе се претворат во тинејџери.