NESCAFÉ те носи тебе и твоето друштво на Ибица

NESCAFÉ, најпознатиот бренд во светот за растворливо кафе, уште еднаш одлучи да ги изненади своите потрошувачи во Македонија преку организирање на наградната игра "Ибица те очекува, тебе и твоето друштво". Главната награда овој пат е патување на Ибица, за две друштва по три лица.

Наградната игра трае во периодот од 16 февруари до 16 април, а за учество во истата е потребно да се соберат 5 кесички од кое било NESCAFÉ 3in1 и 2in1 и да се испратат на адресата: Поштенски фах 689, 1000 Скопје.

Наградите ќе бидат доделени во 2 кола: на 20 март и на 21 април 2014 година, а за двете кола наградниот фонд е идентичен. Вкупниот награден фонд се состои од:

Две главни награди "Ибица за тројца" и 600 споредни награди: 6 лаптопи Asus, 6 таблети iPad mini, 6 паметни телефони Samsung Galaxy S4 Zoom, 66 MP4 Player и 516 пакети NESCAFÉ 3in1 со NESCAFÉ шолја.

Покрај тоа, NESCAFÉ во времетраење на наградната игра ќе ги развесели кафељубителите со тоа што во рамките на промоциите на факултетите, студентските домови и на местата каде што се собираат младите луѓе, ќе подели над 50.000 кесички NESCAFÉ 3in1 и 2in1.

Повеќе информации може да најдете на Facebook страницата на NESCAFE 3in1 https://www.facebook.com/NESCAFE3in1MK

комерцијален текст

21 март 2014 - 15:28