Телекомуникацискиот оператор „Близу" го лансира новиот пролетен промотивен пакет со три услуги „Старт Делукс", во кој се вклучени сите поволности што ги нуди овој оператор за новите корисници.
Промотивниот пакет ги содржи:
- сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали;
- интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер; и
- фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на „Близу".
Пакетот е со цена од 999 ден. месечно и е дополнет со бесплатен модул КА (уред за дигитална телевизија) и бесплатен модем.
Оваа ограничена понуда важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор на 24 месеци до 30 април 2014 г.
„На наше големо задоволство, го активиравме комплетниот пакет 'Делукс'со најдобрата комбинација на три услуги во едно, со екслузивна цена од само 999 денари месечно. Во овој пакет се вклучени сите поволности кои нашите корисници може да ги добијат: дополнителни пакети со ТВ канали, неограничен интернет без никакви ограничувања и бесплатни минути вклучени во фиксната телефонија. На овој начин им посакуваме гоемо добредојде на новите членови на нашето корисничко семејство", изјави Искра Секуловска, маркетинг- директор во „Близу" .
Од операторот најавија зголемени промотивни активности во претстојниот пролетен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.
комерцијален текст