Здравје-Радово неколкупати ќе го зголеми откупот на млеко

Млекарницата „Здравје" – Радово во изминатиот период, ги надмина своите проекции и очекувања за тоа колку кравјо млеко е доволно за суровина за нивните производи. Затоа во периодот што следува најавува неколкукратно зголемување на откупот на кравјо млеко од македонските фарми и фармери.

Зголемувањето на откупот на суровината се должи на зголемената побарувачка на нашите производи во нашата земја, но изненадува и фактот дека се повеќе нашите прозиводи се барани на пазарите во соседството, велат од „Здравје". Токму затоа во новите проекции, млекарницата планира во наредните две години да го зголеми откупот на кравјо млеко од домашни кооперанти и да стане регионален лидер во откупот.

Млекара Здравје Радово користи исклучиво домашно млеко, токму затоа оваа стратегија ќе ја реализираме со помош и во стратешка соработка со најголемите македонски фарми, а на своите потрошувачи ќе продолжиме да им нудиме традиционални производи по европски стандарди, информираат од Здравје – Радово.

„Правејќи ги проекциите за сиот овој период, не изнеди фактот дека за нашите производи се повеќе има интерес и на странските пазари. Побарувачката е поголема отколку што ние планиравме. Токму затоа неопходен ни е зголемен откуп на домашно, квалитетно кравјо млеко. Ние сме млекара која 100% користи суровина од македонски фармери, токму затоа во соработка со најголемите фарми, но и мали домашни фармери кои произведуваат исклучиво квалитетно млеко, планираме да ги освојуваме извозните пазари. Бидејќи ги имплементиравме сите европски стандарди во нашите млекари, и сме рамо до рамо со било која млекара од Европа, очекуваме набрзо нашите производи да се најдат на пазарите на Европската Унија", изјави Јован Дабевски, генерален менаџер на Млекара Здравје Радово.

Здравје Радово од минатогодишните остварени 120.000 литри дневен откуп, оваа година достигнува бројка од 150.000 литри секојдневен откуп на свежо млеко, а според динамиката порастот во иднина би требало да се движи од 250.000 во 2015, до 300.000 литри дневен откуп во 2016 година.

30 април 2014 - 14:25