Целта на Termin.mk е на корисниците да им заштеди време, при што со неколку кликнувања ќе им овозможи да дојдат до информацијата дали термините кои ги посакуваат се слободни на нивните омилени места и истовремено да остварат резервација или барање за истите.
Фактот што доаѓањето до посакуваниот термин за свадба, спорт и рекреација, или пак термин за прослава во посакуваната игротека е реален проблем во Македонија, беше предизвик за тимот на Termin.mk да овозможи нешто ново на пазарот, што низ квалитетна, сигурна и брза услуга ќе ги задоволува апетитите и на најпрефинетите. Имено, наместо досегашниот начин кој се состоеше од бесконечни јавувања од едно на друго место, или пак уште потешкиот, одење од едно до друго место, сега со едноставни неколку кликнувања на корисниците ќе им биде овозможено да дојдат до информацијата дали термините кои ги посакуваат се слободни на нивните омилени места и истовремено да остварат резервација или барање за истите.
Termin.mk е во континуиран развој, и од технички и од маркетиншки аспект. Во блиска иднина ќе биде достапен и со мобилна апликација.