RoboCop во Cineplexx една недела пред премиерата во САД

Македонското студио ФХ3Х замешано и во новиот Робокап

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од тимот на изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот RoboCop, како резултат на соработката со Method Studios која започна во 2013. На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 18 минути.

Оваа научно-фантастична акција на Jose Padilha, се одигрува во 2028 година, во Детроит, каде Joel Kinnaman, во улога на Марфи, сакан сопруг, татко и добар полицаец е критично повреден за време на полициска задача. Мултинационалниот конгломерат OmniCorp веднаш ја искористува шансата да креира полу-човек, полу-робот полицаец. Останатата актерска екипа ја сочинуваат Gary Oldman, Michael Keaton и Samuel L. Jackson.

Филмот премиерно ќе се прикаже на 6ти февруари во киното Cineplexx, една недела пред американската премиера на 12, иако првиот викенд на прикажување во Малезија, Тајван и Сингапур ги израдува MGM и Columbia Pictures со заработка од 5,5 милиони американски долари, што покажува на нов Холивудски хит блокбастер за почеток на 2014.

Премиера на RoboCop 6-ти февруари во Cineplexx.

 

5 февруари 2014 - 16:13