Со фактот дека овој вид на берзанско работење е овозможен за сите индивидуални и правни субјекти ширум светот од почетокот на 21-виот век, интересот за тргувањето кај популацијата масовно се шири, а исто така и се надградува и модернизира интернет технологијата и алатките преку кои се извршуваат трговските операции.
Во кратки црти, Форекс пазарот (Forex) е скратеница од поимот "Размена на валути" (Foreign Exchange) што самиот поим ни укажува што претставува овој пазар. На Форекс пазарот се тргува со повеќето главни светски валути како што се американскиот,австралискиот,новозеландскиот и канадскиот долар, еврото, британската фунта, швајцарскиот франк, јапонскиот јен и многу други споредни валути, но исто така денес е овозможено и тргување на разни финансиски деривати како што се металите (злато, сребро и др.), договори на разлика на индексите на валути, акции, роба и други.
Услугите за тргување на Форекс берзата ги нудат специјализираните брокерски компании преку современите трговски платформи каде се извршуваат директните трговски налози (купување или продавање на цената на валутните парови и многу други финансиски инструменти) и тоа со реална цена во реално време.
Предностите на Форекс берзата во однос на другите берзи се тоа што буквално сите субјекти може да учествуваат директно на пазарот, тргувајки преку интернет од сите десктопи, мобилни уреди, таблети и слично, а извршувањето на трговските налози е совршено брзо само со еден клик на вашиот уред, така да може да се купува или продава секој финансиски инструмент во секое време. Процесирањето на трговските налози преку современите софтвери е пократко од една секунда.
Читајки го горенаведениот текст, веројатно се запрашувате како е можно толку брзо да се купи или продаде еден финансиски инструмент?
-Одговорот е едноставен: - Форекс берзата е отворена 24 часа дневно од Понеделник до Петок и е најликвидна берза во светот каде во просек во еден ден прометот изнесува над 5 Трилиони американски долари или еквавилентно на другите валути, а бројот на директни учесници денес изнесува над 5 милијарди индивидуални трговци, сите големи банки и многу други инвеститорски институции ширум светот, притоа може да констатирате дека во секој момент од работната недела има актвни купувачи и продавачи.
Веројатно многу од вас кои ја читате оваа статија во "старите добри времиња" на некој начин сте тргувале со валути но на физички начин, кога во бивша Југославија стариот Динар често доживуваше девалвација, така што сте полнеле вреќи со пари и купувале странски валути надвор од државата и повторно дома сте ги разменувале во Динари по извесен период кога валутата ќе достигнеше значително пониска вредност.
Тргувањето на Форекс пазарот се одвива на сличен начин, но за разлика од физичкото тргување со валути каде разликата на продажната и куповната цена помеѓу две валуте е огромна, директно преку услугите на Форекс Брокерите вие купувате и продавате многубројни валути со минимална разлика помеѓу куповната и продажната цена која верувале или не изнесува помалку од 0,0001 единици при секој трговски налог.
На пример доколку сметате дека цената на американскиот долар во идно време ќе расте во однос на македонскиот денар, би отишле во банка или менувачница со цел да размените денари купувајки долари. Да речеме дека моменталната средна цена за купување на 1 долар изнесува 45 денари, менувачниците ке ви понудат куповна цена од 47 денари за 1 долар , а за продавање на 1 долар ви нудат цена од 43 денари. Тоа на Форекс пазарот иако денарот не е учесник на истиот, би изгледало вака: - За да купите 1 долар цената би изнесувала 45,002, а за да продадете 1 долар цената би изнесувала 45,000 денари, што значи провизијата на физичката размена е за повеќе од 1000 пати поголема.
Доколку сте купиле во менувачница 1000 долари, денарската сума изнесувала 47 000 денари, а да речеме дека точно сте прогнозирале дека цената на доларот ќе расте во однос на денарот и за некој реален период од 1 година доларот достигнал средна цена од 50 денари за 1 долар, вие истите 1000 долари кој сте ги купиле за 47 000 денари, сега ги разменувате или купувате денари, а продажната цена која ви ја нудат менувачниците е 48 денари за 1 долар, така да добивате 48 000 денари и сте оствариле позитивен профит од само 1000 денари. Но притоа ќе се запрашате дали воопшто вредело сето поминато време за само 1000 денари заработка, а и секако цените на производите скоро секогаш се движат во нагорна насока така да може да се рече и дека сте во загуба, нели?
А еве ви пример како сето тоа се тргува на Форекс пазарот:
-Како што напоменавме македонскиот денар не е вклучен во Форекс берзата, но како што знаеме веќе долго време денарот е стабилен и корелативен со еврото, така да за пример ќе ја земиме трговската размена помеѓу еврото и американскиот долар.
На форекс пазарот валутите се тргуваат во парови, кои се назначени со кратенки, а валутниот пар евро-долар се означува како EUR/USD. Во овој случај еврото ни претставува примарна валута а доларот е котирачка валута.
Уште поголема предност на Форекс пазарот е што брокерите ви овозможуваат со помали финансиски средства да купувате или продавате валути директно на пазарот со 100 до 500 пати поголема сума од основниот капитал, преку кредитната потпора која безусловно ја добивате на вашата трговска сметка.
На пример доколку имате реална сметка од 1000 американски долари и одберете кредитна потпора од 1:100, може да купите или продадете некоја валута со друга валута како со 100.000,00 долари на физички пазар со големина на трговски налог од 1 Лот, 10.000,00 долари со големина на налог од 0,1 Лот или 1000,00 долари со големина на налог од 0,01 Лот.
Притоа доколку добро ги познавате техничките и фундаменталните вредности кои ги движат цените на валутите и другите финансиски инструменти може да реализирате огромни профити купувајки или продавајки ги истите во вистинско време, а не можете повеќе да изгубите од реалниот капитал кој сте го вложиле.
Да речеме дека цената за едно евро сега изнесува 1,3000 американски долари, а сметаме дека според некои економски збиднувања еврото ке порасне во однос на доларот во извесно време до цена од 1,4000 долари за едно евро, ние преку сметката за тргување и трговскиот софтвер извршуваме директни налози за купување на евра истовремено продавајки долари.
На пример ако сметката за тргување е во износ од 10 000 американски долари и купувате евро во однос на американски долар или купувате евра продавајки долари, не купувате со износот на сумата од 10 000 долари која ви е на располагање, туку одбирате трговски налог со одредена големина колку што сметате дека би ризикувале во операцијата која ја извршувате.
Да речеме дека доколку цената на EUR/USD ке скокне од 1,3000 на 1,4000, тоа е разлика од 1000 единици или пипа, вие преку вашата сметка од 10 000 долари купувате евра во однос на долари од цена 1,3000 со големина на трговски налог од 1 лот.
1 Лот е еднаков на 100 000 долари, а разликата на цената во единици се множи со таа сума, така да од моментот на купување на цена 1,3000 со големина од 1 лот или 100 000 долари до моментот на целната цена на 1,4000 каде се зема профитот, се остварува профит од 10 000 долари или калкулирано на следниот начин: 100 000 USD x (1,4000 – 1,3000)= 110 000 или чист реализиран профит од 10 000 долари.
На вашата форекс сметка после реализирањето на профитот вие ќе имате 20 000 долари или заработка од 100% од иницијалниот депозит од 10 000 долари, каде може колку сакате и кога сакате да ги повлечете на едноставен начин.
Но сепак мора да се знае дека секогаш не е се розево и дека може и да се изгубат средства, но и тоа со добар риск менаџмент може да се минимализира, да се поставуваат гарантни граници до кое процентуално ниво може да се загубат средства.
На пример доколку сме сметале дека цената на EUR/USD ке се искачи од 1,3000 до 1,4000, но тоа не се случило и цената паднала за 100 или 200 единици или пипа во обратна насока или до цена 1,2900 или 1,2800 тогаш загубата ќе изнесува до 1000 или 2000 долари (10 или 20% од вашиот иницијален капитал).
Но секако дека не мора да се ризикува баш до тоа ниво, може трговските налози да одберете да бидат и помали како на пример од 0,5 лота или 0,1 лота, дури и минимално до 0,01 лот, каде евентуалните профити или загуби се знатно помали.
На пример реализирање на профит на разлика на цена од 1,3000 до 1,4000 или 1000 пипа, со големина на трговски налог од 0,1 лот изнесува 1000 долари (10% профит од иницијалниот депозит), а загуба од 100 или 200 пипа ќе изнесува 100 или 200 долари (1 или 2% загуба од иницијалниот депозит).
За успешно тргување на Форекс пазарот и реализирање на константни профити на подолг временски период несомнено треба добро да се едуцирате во начинот на тргување на оваа берза, разбирање на техничките анализи и индикатори, познавање на економските фактори кои директно влијаат врз движењето на секој финансиски инструмент, голема дисциплина и планирање на трговските операции, стрпливост, помалку емотивност и добар риск менаџмент.
Форекс пазарот како и сите други финансиски берзи подлежи на ризик од можни загуби, така да секој субјект инволвиран во оваа берза мора да ги разбере евентуалните лоши последици и комплетно да го прифати ризикот на сопствена рака.
На глобалниот нет постојат и брокери кои со маркетиншки и шпекулативни трикови можат да ве наведат на неправилно тргување на оваа берза со цел да загубите средства кои ги користат како нивни приход, затоа внимавајте како го одбирате брокерот преку кој ке ги користите услугите, да се проверат нивните валидни лиценци и регулации, да се преиспитаат нивните услови за тргување, да не подлегнувате на маркетиншки статии кои ве убедуваат дека лесно се заработува или како некои заработуваат по 1000 или повеќе проценти за краток период (иако теоретски е можно но ризикот е преголем), што значи искуството е пресудно за секој трговец и инвеститор како ќе располага со средствата.
Затоа постојат демо-виртуелни сметки преку кои бесплатно може да ги совладате вештините на тргувањето и риск менаџментот, но сепак треба да знаете дека психологијата на тргувањето на виртуелните сметки е сосема различна од тргувањето на реалните сметки!
Трговците кои тргуваат под притисок со цел да заработаат пари што е можно побрзо или раководат со средства кои не се нивни или се позајмица, кредит и слично тешко успеваат на оваа берза без разлика на познавањето на пазарот, а трговците кои се спремни да го инвестираат слободниот капитал на берзата со добро познавање на форекс пазарот често заработуваат и се надградуваат до професионално ниво.
Други бенефиции на тргувањето на берзата е надградувањето на сопствениот карактер, надградување на психолошката свест, креативноста, одговорноста, контролата на ризиците, контрола на емоциите, дисциплинираноста и стабилноста.
Најдобриот момент на Форекс пазарот е тоа што сами одлучувате што и кога ќе тргувате, не зависите од никој друг и доколку го достигнете нивото на професионалност едноставно може константно да профитирате и да си овозможите подобар живот во нашата средина.
Доколку сметате дека може да се пронајдете во овој вид на трговија може да ги користите услугите на Адмирал Маркетс, еден од најголемите брокери во Европа со канцеларии во 50 светски држави од кои и во Македонија, каде условите за тргување се најдобри во регионот, добивате безусловна професионална клиентска поддршка, професионална едукација во секое време како и многу други предности.
Срдечно,
(комерцијален текст)