Жарко Башески со свој проект на 15-тиот "Зимски салон" на ДЛУМ

Жарко Башески, еден од нашите најреномирани автори, во средата на 5-ти Февруари беше дел од 15-тата јубилејна манифестација "Зимски салон" организирана од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Башески пред домашната публика за прв пат go промовираше својoт нов мултимедијален проект (скулптура, video) "Афродита".

Присуството на Башески беше одлична можност и македонската публика да ужива во делoтo на нашиот скулптор кој редовно е присутен на сите најголеми светски настани од овој тип.

На манифестацијата чиј селектор беше Емил Алексиев, покрај Башески учество зедоа и други 38 домашни автори и 33 уметници од Турција, Србија, Бугарија, Словенија и Австрија.

Покровител на Гранд-при наградата е Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

За Жарко Башески

Жарко Башески е реномиран македонски скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности. Има одржано повеќе од 100 групни и самостојни изложби во Македонија и низ сите светски центри на уметноста како редовен учесник на најпознатите ликовни манифестации, вклучувајќи го бионалето во Венеција.

Автор е на некои од најпознатите скулптури и споменици во Македонија, вклучувајќи ги и тие на "Петре Прличко", "Тодор Николовски", "Гоце Делчев", "Итар Пејо", "Даме Груев", "Александар Македонски (во Прилеп)", и други. Добитник е на повеќе домашни и странски награди.

http://zarkobaseski.net/

5 февруари 2014 - 21:00