По повод претстојните празници, телекомуникацискиот оператор „Близу", во соработка со „Анхоч компјутери", ја најави својата голема велигденска акција во која со секој потпишан договор за пакет со три услуги корисниците добиваат ваучер во вредност од 1.500 денари кој може да се искористи во продажните салони на „Анхоч компјутери". Оваа понуда е временски ограничена и важи за новите корисници кои ќе потпишат договор до 30 април 2014 г.
„Како што најавивме пред неколку недели кога го активиравме нашиот пролетен пакет Делукс, не престануваме да ги изненадуваме нашите корисници. Ова е навистина добар начин да им се заблагодариме на оние кои за овие велигденски празници ќе решат да се придружат во нашето корисничко семејство", изјави Искра Секуловска, директор на маркетинг во „Близу" .
Од операторот изјавуваат дека во претстојниот период ќе следуваат промотивни настани, кои ќе бидат придружени со голем број награди и изненадувања.
комерцијален текст