Драги мои, еве ме и мене во обид да станам бавчанџија, по примерот на Тихо, Сандра, Бетмен, Емили, Дарко и Јана, во обид на бавчата да одгледам здрава храна. Еве, уште на стартот ветувам дека храната од мојата бавча нема да биде третирана со догматски, ниту пак со други религиозни препарати, за да не се најде некој повреден како припадник на друга религија, или пак како припадник на атеизмот.... Секогаш има милион пречки од обидот до крајната цел. Белким ќе има ефект. Ај, со Бога напред.