"Токму довербата на македонските потрошувачи ни овозможи континуирано да се развиваме и да го подобруваме квалитетот на нашите производи, што беше причина денес а по повод светскиот ден на млекото Здравје Радово да ги отвори своите производни капацитети за своите потрошувачи, а присутните подетално да ги информираме за процесот на производство на познатите млечни производи од Здравје Радово," изјави Јован Дабовски Генерален Директор на Здравје Радово.
Млекото и млечните производи се вистинско природно богатство од масти, протеини, минерали и витамини потребни за правилното оформување на коските, мускулите и останатите витални органи особено кај децата, а консумирањето на квалитетни и безбедни производи е гаранција за правилен и здрав развој. Поради тоа Ние во Здравје Радово веќе 10 години во континуитет се трудиме да го подобруваме квалитетот на нашите произвдоди. Затоа денес резулататот е македонски производи со врвен квалитет, прифатени не само на домашниот пазар туку и од потрошувачите во регионот. Во своите идни планови Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите, изјавија од Здравје Радово.
Во Здравје Радово постои целосно автоматизиран процес на производство. Од обезбедените лактофризети, млекото директно се пренесува во производните погони, и дополнително се прават контроли во повеќе фази. Компанијата ефективно ги имплементира и применува НАССР стандардите, а ги почитува и највисоките стандарди за безбедност на производите, што е гаранција за потрошувачите.
Здравје Радово во моментов е најголемиот откупувач на млеко во Македонија, а со тоа го стимулира млекопроизводството во нашата земја. Откупува над 100 000 литри млеко дневно.Фармерите- кооперанти ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди. Во моментов Здравје Радово соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и др.
Млекарницата Здравје Радово во првиот квартал од 2013 година, оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година, а оваа година остварува и пораст на извозот, што се потврдува и со податокот дека дури 80% од вкупниот извоз на македонски млечни производи е од нивниот асортиман, а Здравје Радово е пазарен лидер во рамките на македонската млечна индустрија, претставувајќи истовремено и значаен фактор на стабилност и развој за целата дејност.
Стопанската комора на Р. Македонија неодамна на компанијата Здравје Pадово и даде и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за сите останати.
Во своите идни планови Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите.