комерцијален текст

Со Киселото млеко на Здравје Радово до идеална тежина

,,Една чаша јогурт или кисело млеко и биди убав и здрав,,оваа реченица често ја употребуваат лекарите кога ги советуват своите пациенти. Негата на нашето тело се практикува како однадвор така и одвнатре. Многу е важно што внесуваме во организмот. Научниците открија дека киселото млеко и јогуртот не ја зголемуваат телесната тежина и одлично влијаат на метаболизмот.

Во Македонија нутриционистите многу често ги препорачуваат производите на Здравје Радово како дел од разни диети. Познато е дека производите на Здравје Радово ги содржат сите потребни состојки што се неопходни за правилен раст и развој на децата, а исто така се балагодет и за возрасните.

Киселото млеко се препорачува како додаток на секоја исхрана, наменет е за сите возрасти. Благотворно делува на дигестивниот трак и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Анализите покажаа дека киселото млеко и јогуртот на Здравје Радово ги имаат сите потребни хранливи состојки потребни за правилно функционирање на еден организам, како што се протени, витамини, минерали и калциум. Киселото млекото на Здравје Радово содржи и витамин Д и калциум.

Ова е стандарден производ направен по традиционален рецепт од нашите баби, а произведен со современа технологија од одбрано квалитетно млеко. Статистиките покажаа дека продажбата на кисело млеко и јогурт на Здравје Радово се зголемува во летниот период бидејќи овие производи се главните еликсири за постигнување на посакуваната тежина.

 

12 јуни 2013 - 22:44