Наградата е освоена во категорија на филмови во траење до две минути, во конкуренција со над 300 промотивни филмови од 56 држави од целиот свет.
Фестивалот е член на CIFFT (International Committee of Tourism Film Festivals) и се одржува под покровителство на Претседателот на Република Хрватска.
Целта на фестивалот е да промовира филмови од различни содржини, како промоција на туристички дестинации, хотели и ресорти, култури и традиции, рурален туризам, авантуристички понуди, екстремни спортови, религии ...
Наградениот промотивен филм "Скопје 2014" е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а изработен е во продукција на Кино Око, како дел од проектот Macedonia-Timeless на Владата на Република Македонија.